Извршниот директор на Facebook, Марк Цукерберг, на својот тим му нареди да користи само Android, пренесува New York Times. Оваа одлука ја донесе откако извршниот директор на Apple го критикуваше Facebook и го нарече сервис кој го пореметува приватниот живот.
„Долгов време ги охрабруваме нашите вработени да го користат Android затоа што е најпопуларниот оперативен систем во светот” изјавија од Facebook.
Она што не е јасно е дали Марк наредбата ја издаде поради изјавата на извршниот директор на Apple, меѓутоа Android во секој случај е најпопуларен оперативен систем во Америка, Европа, Русија и во Азија.
Експертите велат дека ова е добра одлука затоа што другите компании како што е Snapchat исто така ги охрабруваат своите вработени да користат само Android. Android и iOS имаат неколку битни разлики кои влијаат на развјот на системи и апликации.
Новинарите на New York Times ги проверија Twitter профилите на неколку вработени во Facebook и открија дека тие се уште користат iPhone, што значи дека наредбата на Цукерберг не е извршена како што треба.