SpaceX лансираше ракета со првото израелско роботизирано летало – крајната дестинација е Месечината

- Advertisement -

Ракетата Falcon 9 на компанијата SpaceX беше лансирана вчеравечер од Флорида носејќи го првото израелско летало во мисија на Месечината, која ако успее, ќе ја направи Израел четврта земја во светот која стапнала на Месечината.

Роботизираното летало без екипаж наречено Beresheet (настанок на хебрејски) полета во вселената од Кејп Канаверал околу 2.45 часот по средноевропско време на врвот на ракетата висока колку една 23-катница.

- Advertisement -

Beresheet е еден од трите товари кои ги носи Falcon 9, која е дел од флотата ракети на компанијата SpaceX од Калифорнија на милијардерот Илон Маск. Другите два товари се телекомуникациски сателит за Индонезија и сателит за американските воздушни сили.

Ако се оди според планот, Bereshќе стигне до поблиската страна од Месечината веќе на средината на април по двомесечно патување и поминати 6,5 милиони километри.

Сподели!
- Advertisement -