Основачот на компанијата SpaceX, Илон Маск е одлучен да отпатува на Марс и да се врати дома, но за тоа е потребно вселенско летало кое ја напушта и потоа пак влегува во атмосферата на Земјата. За да се случи тоа, меѓу другото, потребно е леталото да може да издржи огромна топлина, па затоа SpaceX вчера го тестираше топлотниот штит на нивното вселенско летало Starshia.
Маск на Тwitter напиша дека Starship издржал температура од 1.650 келвини, а неговиот хексагонален облик му помогнал да спречи штети од топлината. Тој објасни дека ќе бие додадено и дополнително транспирациско ладење на деловите каде што има ерозија на штитот затоа што Starship мора да биде подготвен за нов лет веднаш по слетувањето. Овој тип на ладење овозможува дополнително ладење со отпуштање вода и метан, кои дејствуваат како разладувачки агенси.
Testing Starship heatshield hex tiles pic.twitter.com/PycE9VthxQ
— Elon Musk (@elonmusk) March 17, 2019
Тестот на топлотниот штит беше целосно успешен и сега Маск е на чекор поблиску до освојување на Марс. Тој смета дека ќе го посетат Марс во 2024 година, ако се оди според планот.