Canon направи флеш светло кое се врти за да направите совршена фотографија

- Advertisement -

Фотографирањето со флеш светло не е толку популарно затоа што мора да знаете да ја користите таа техника за да правите фантастични фотографии. Canon се обидува да го олесни професионалното фотографирање со своето најново флеш светло 470EX-AI, кое ќе почне да се продава во април по цена од 399 долари. Светлото е „паметно“ и самото одредува во кој правец да се постави за да направите совршена фотографија.

470EX-AI изгледа како и секое друго флеш светло на Canon, но внатре има мотори и сензор на предниот дел. Кога ќе притиснете двапати на копчето за фотографирање, флеш светлото се насочува кон тоа што го фотографирате, го пресметува растојанието, а потоа се врти кон таванот и повторно го пресметува растојанието. Веднаш потоа светлото се врти во тој правец за кој „мисли“ дека е совршен.

- Advertisement -

Ова светло е одлична идеја, но сепак има некои ограничувања. Најпрвин, доколку дозволите самото светло да го избере правецот, а потоа се придвижите, ќе мора целиот процес да го правите од почеток зашто во спротивно светлото ќе се сврти во погрешен правец. Сензорот има ограничување од 7 метри, а доколку таванот е црн, повторно светлото ќе се насочи горе.

Светлото дозволува и таканаречено полуавтоматско фотографирање корисно за непрофесионални фотографи, каде што фотографот сам го избира аголот каде да се насочи светлото, го заклучува во тој правец и секогаш кога двапати ќе притиснае на копчето за фотографирање, светлото се враќа во истата позиција. .

Сподели!
- Advertisement -