Sony претстави телевизор поголем од автобус

- Advertisement -

Ако мислевте дека телевизорите 8K се напредни, нема да можете да му се изнагледате на најновото ремек дело на јапонскиот гигант Sony – масивниот екран 16K. Екранот е долг 19,2 метри и како што пишува ВВС, поголем е од еден автобус. Висок е 5,4 метри, односно исто колку една жирафа или два ката. Има 16 пати повеќе пиксели отколку течевизорите 4K и 64 пати повеќе отколку еден HD телевизор.

За жал, телевизорот не е во продажба. Ќе биде инсталиран во истражувачки центар на јапознаката козметичка куќа Shiseido во Јокохама, јужно од Токио. Толку е голем што ќе зафати два ката и ќе прикажува содржини специјални креирани од Sony.

- Advertisement -

Sony го најави новиот телевизор на саемот на Националната асоцијација на радиодифузери во Лас Вегас. Телевизорот е направен со спојување на многу помали екрани. Бидејќи нема рабови на екраните, незабележително се спојуваат и формираат еден масивен дисплеј.

Дисплејот ја користи технологијата Crystal LED, што е јапонска верзија на Sony за Micro LED. Нема потреба од осветлување во позадина и како што тврдат од Sony, екранот е посветол од OLED екраните.

- Advertisement -

 

Сподели!
- Advertisement -