ВИДЕО: Ова е најбрзиот електричен глисер во светот

- Advertisement -

Тим од студенти од американскиот Универзитет Принстон го собори светскиот рекорд во брзина за чамци на електричен погон со просечна брзина од 183,8 км/ч. Рекордното возење се случило на 26 октомври на патеката на Американското здружение моторни чамци на езерото Таунсенд во близина на Гринсбороу во Северна Каролина.

Чамецот наречен Big Bird ја зголемувал брзината се додека не влегол во брзинскиот круг, односно на дел од патеката долг 1 км, на кој се мерела просечната брзина на тој дел, како што можете да видите и од видеото во прилог.

- Advertisement -

Како што е вообичаено за таквите обиди за поставување рекорд, глисерот морал да направи две последователни возења за да се добие најголемата просечна брзина.

Со глисерот управувал професионален возач ма хидроавиони, Џон Питерс, кој успеал да постигне ајголема брзина од 178,8 км/ч вопрвото возење и 189 км/ч во второт возење, со што просекот бил 183,78 км/ч.

- Advertisement -

За споредба , кога електричниот глисер на Jaguar поставиист тип на светски рекорд пред пет години, постигна проселна брзина од 142,6 км/ч, што е разлика од речиси 40 км.

Big Bird има посебна верзија на Flux Marine FM100 електрилен погон, кој е модифицран да произведува поголема моќност (200 KS/149 kW), а притоа да остане лесен.

- Advertisement -

Вкупната тежина на Big Bird со пилотот изнесувала 442 кг, а тимот кој го направи скутерот се надева дека после дополнителните модификации ќе може да постигне максимална просечна брзина од 193 км/ч.

(Vidi.hr)

(фото: Needpix)

Сподели!
- Advertisement -