Финскиот град Хелсинки е првиот град во светот каде што дронови ќе доставуваат храна и други продукти. Компанијата Wing соопшти дека програмата за достава со дронови почнува наскоро во Хлесинки и дека ќе биде базирана на достава на храна вклучувајќи лазањи, тестенини и ќофтиња. Доставата ќе се врши во дисктриктот Вуосари во Хелсинки. Компанијата Wing ќе се здружи со маркетите Herkku Food и со Cafe Monami, чии производи ќе им ги доставува на купувачите со помош на дронови.
Wing е подружница на компанијата-мајка на Google Alphabet. Одделот за дронови на Alphabet полека навлегува на одредени пазари, а австралискиот град Канбера исто така добива услуга за достава со дронови. Програмата на Wing во Австралија е ограничена со закони со кои се забранува лет на дронови над големи сообраќајници во текот на ноќта. Во САД, пак, Wing неодамна доби одобрение за достава со дронови.