Во петок од 10 часот ќе стартува новата летна сезона во Аква Паркот во склоп на СЦ „Борис Трајковски“.

Аква паркот нуди интересни содржини за сите возрасти, 10 атрактивни тобогани, базен со бранови, бумерангот, детски базен, како и новото детско катче за забава во песок.

- Advertisement -

 

- Advertisement -

Новитет е и полудневната карта, која ќе може да ја користат сите кои во текот на денот се на работа, а сакаат да се релаксираат во попладневните часови. Водата во сите базени е збогатена со калциум хипохлорит, што, како што велат од Аква паркот, ја прави најбезбедна по сите светски стандарди и е единствена од таков тип во нашата држава.

 

- Advertisement -

Покрај стандардните содржини за капење и уживање, во текот на вечерните часови ќе се организираат и забави, а просторот ќе може да се изнајмува и за уникатни прослави.