Новиот 777x на Boeing не беше прикажан на Paris Air Show, но компанијата сепак му го покажа својот најнов авион на светот. Тие објавија видео во кое ја прикажаа најимпресивната особина на нивниот најнов авион – крилата кои се виткаат.
Врвовите на крилата може да се движат и се првите такви крила кај некоја комеријална авиокомпанија. Кога се свиткани се скратува распонот од речиси 72 метри на околу 65 метри. Така авионот ќе може да се паркира на места каде што го собира сегашниот 777s, а притоа сепак ќе лета нормално. Во 2007 година Boeing мораше да ги модифицира аеродромите поради долгите крила на Airbus A380, па сега сака да го заобиколи тој проблем.
Бидејќи дизајнот на крилата е нова иновација во технологијата, Boeing бара одобрение на дизајнот од Федералната администрација за авијација. Администрацијата испрати документ со 10 барања кои крилата мора да ги исполнат пред да бидат одобрени. Меѓу барањата се повеќе од еден начин на предупредување на екипажот дека крилата не се соодветно позиционирани пред полетување, механизам кој ќе го спречува полетувањето ако крилата не се издолжени и друг механизам кој ќе спречи крилата да се свиткаат во текот на летањето.
777x е последниот член од семејството на Boeing 777, чиј прв член за прв пат полета пред 25 години. 777x ќе биде изработен во два модели – 777-8 ќе собира 384 патници и ќе има досег од 8.690 наутички милји, а 777-9 ќе собира 426 патници и ќе има досег од 7.285 наутички милји. И двата модели ќе бидат направени од композитни материјачи и ќе имаат поголеми прозорци и редизајнирана патничка кабина.