Авиопревозникот EasyJet создаде „летачки библиотеки“ во своите авиони

- Advertisement -

Авиопревозникот EasyJet лансираше библиотека од повеќе од 60.000 книги за своите авионски летови со повеќе од 300 авиони летово. Т.н Flybraries имаат за цел да ги мотивираат родителите и децата да почнат да читаат книги за време на летниот одмор. Книгите се достапни на седум јазици, а родителите и децата можат да ги земат, да ги читаат за време на летот и потоа да ги остават.

Според едно истражување во кое биле вклучени 2.000 родители од Велика Британија 90% од децата на возраст од 6 до 12 години уживаат кога родителите им читаат книга. Од анктетираните 80% изјавиле дека летните одмори се совршена прилика за да поминат повеќе време со семејството, а 64% изјавиле дека планираат во текот на летото да им читаат книги на децата.

- Advertisement -

Иницијативата Flybrary на EasyJet е одличен начин за да им се помогне на илјадниците деца да си го подобрат своето читање во текот на долгиот летен распуст, а на семејствата им дава шанса заедно да уживаат во читањето приказни додека се на одмор.

Сподели!
- Advertisement -