Велика Британија ги укинува сите мерки против корона вирусот

- Advertisement -

Во Велика Британија ќе бидат укинати сите останати мерки воведени поради КОВИД-19, изјави премиерот Борис Џонсон и истакна дека од владините ограничувања се преминува на лична одговорност.

Заразените граѓани од четврток нема да имаат законска обврска за самоизолација а ќе престане и следењето на контактите на заразените, изјави Џонсон. На луѓето им понатаму ќе им се советува да останат дома ако се болни, но повеќе нема да добиваат дополнителна финансиска поддршка која бепе воведена во текот на пандемијата за изостанување од работа.

- Advertisement -

Од 1 април PCR тестовите ќе бидат бесплатни само за старите луѓе и луѓето со послаб имунитет. Сепак, владата нагласи дека пандемијата не е готова и дека вирусот и понатаму може непријатно да изненади.

Џонсон изјави дека научниците се сигурни дека ќе има нови соеви и многу е веројатно дека ќе бидат полоши од омикрон. Владата ќе понуди и четврта доза вакцини за постарите од 75 години и за осетливите групи граѓани.

- Advertisement -

„Не ни требаат закони за да бидеме внимателни едни со други. Да научиме да живееме со овој вирус и да продолжиме да се штитиме себеси и другите без орече Џонсон.

(Beta)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -