Huawei потврди дека на 19 септември ќе го претстави новиот модел Mate 30

- Advertisement -

Од Huawei потврдија дека нивниот нов модел на смартфон Mate 30 ќе биде претставен во Минхен, Германија, на 19 септември во рамките на настанот Rethink Possibilities. Во краткото видео на Twitter кинескиот технолошки гигант го најави доаѓањето на следниот паметен уред.
„Одбројувањето почнува денес“ напишаа од Huawei.
 
 


Иако при претставувањето на нов уред најголемиот фокус е ставен на спецификациите, овој пат речиси сето внимание е насочено кон спорот меѓу Huawei и Google, односно загриженоста како ќе функционира кинеската компанија без апликациите на Google. Веќе претходно беше најавено дека Huawei ќе се соочи со својата прва голема пречка при лансирањето на моделот Mate 30, кој нема да има дозвола за користење на апликациите на Google.
Новиот модел и понатаму ќе работи на Android, но од Google потврдија дека Mate 30 и Mate 30 Pro нема да ги содржат апликациите на компанијата. Huawei веќе развива своја верзија на Play Store, а неодамна го претстави и својот оперативен систем HarmonyOS, на кој ќе може да преминат корисниците кога повеќе нема да имаат пристап до американскиот сосфтвер.
Инаку, Huawei Mate 30 ќе има процесор Kirin 990, која Huawei допрва ќе го претстави на саемот за електроника IFA во Берлина оваа недела.

Сподели!
- Advertisement -