ВИДЕО: Motorola претстави концепт на телефон кој се носи како алка

- Advertisement -

Motorola на настанот Lenovo Tech World ’23 претстави неколку интересни концепти, кои можеби никогаш нема да го видат светлото на денот, а меѓу нив е и прототипот на адаптивен дисплеј, кој може да се користи во форма на модерен мобилен телефон, како паметна алка или како сталак.

Овој уред изгледа како напредна верзија на прототипот кој Lenovo го претстави во 2016 година. Покрај тоа, компанијата истакна неколку AI функции за Lenovo уредите кои веќе може да се купат.

- Advertisement -

Новиот концепт е смартфон со екран кој се витка во ролна. Екранот е FHD+ pOLED и може да се свитка и да се обликува во различни форми во зависност од потребите на корисникот. Исто така, уредот може целосно да се исправи и да се користи како модерен смартфон, но може и да се свитка и да се постави на маса како сталак. Третата опција е ставање на уредот на зглобот на раката како алка.

Концептот има 6,9-инчен екран и нуди целосно Аndroid искуство како и кој било смартфон со Google OS. Кога е во форма на стакло, уредот се префрла во компактна форма на Android на 4,6-инчен дел од екранот.

- Advertisement -

Сепак, овој концепт не треба да го очекуваме на пазарот наскоро, туку со ова Lenovo докажува дека не се плаши да експериментира.

(Klix.ba)

- Advertisement -

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -