Amazon тестира сосема нов начин на плаќање со вашите дланки

- Advertisement -

Медиумите пренесуваат дека Amazon ги користи своите вработени во Њујорк за да тестира сосема нов начин на плаќање, кој нема врска со кешот, картичките и мобилните телефони. Овој нов начин на плаќање од вас ќе бара само едно, а тоа е вашата рака, односно дланката.
Од почетокот на своето постоење Amazon најпрвин го поремети пазарот за малопродажба така што стана една од првите компании кои понудија онлајн продажба. Во поново време компанијата се обиде да ја поремети и индустријата за супермаркети така што отвори продавници Amazon Go, каде што нема каси ни вработени туку само сензори кои детектираат се што ќе земете во рака и ви се наплаќа директно од сметка.
Сега изгледа дека е-трговецот сака да ја поремети и платежната индустрија со својот систем за скенирање дланки наречен Orville, со кој ќе се елиминира потребата за плаќање во готовина, со картичка или со мобилен телефон. За разлика од најголем дел од биометриските системи кои бараат да допрете површина со скенери, кај верзијата на Amazon не е потребно физички да допрете ништо. Компанијата користи технологија за компјутерски вид и геометрија за препознавање на големината и обликот на вашите дланки пред да повеќе пари од сметката која претходно сте ја поврзале со пфорилот на Amazon.
Компанијата се надева дека веќе на почетокот на идната година ќе ја претстави својата технологија во неколку од своите продавници Whole Foods, од каде што потоа ќе се шири на други локации.

Сподели!
- Advertisement -