Huawei идната година ќе ги претстави првите уреди со новиот оперативен систем Harmony OS

- Advertisement -

Од Huawei повеќе пати нагласија дека нивниот прв избор за оперативен систем за телефоните е Android, но бидејќи никој не знае како ќе се движат работите во иднина и дали ќе добијат дозвола за користење на апликациите на Google, идната година ќе вложат големи напори и ресурси во развојот на сопствениот мобилен оперативен систем.

Harmony OS беше претставен минатата година и по интернет кружеа информации дека веќе идната година напазарот ќе се појават првите телефони кои ќе го имаат тој оперативен систем. Според последните информации, пак, од Женшен, градот каде што се наоѓа седиштето на Huawei, во 2020 година нема да видиме смартфони со Harmony, но ќе има други уреди со тој оперативен систем, кои кинеската компанија ќе ги продава на домашниот пазар и во странство.

- Advertisement -

Иако уште не се знае кои ќе бидат тие производи, уште претходно од кинеската компанија најавија дека Harmony OS ќе го претстави на паметни часовници, звучници, гаџети за виртуелна реалност итн. Еден од најинтересните пазари кои може да ги нападне Huawei е пазарот за паметни часовници..

Сподели!
- Advertisement -