Меркел: Недостигот на работници во Германија ќе се пополнува со работна сила надвор од ЕУ

- Advertisement -

Германската влада и здруженијата на занаетчии и работодавци постигнаа договор како да одговорат на недостатокот на одредени струки во економијата. Канцеларката Ангела Меркел посочи дека новата политика ќе се потпира на два столба, обезбедување дополнителна квалификации за германските граѓани но и привлекување квалификувани професионалци како од земјите од ЕУ така и од земји надвор од унијата.

Имаме недостаток на квалификувани работници и затоа имаме интерес за обезбедување добри, квалификувани работници за што ни се потребни процеси кои ќе бидат разумни и јасно ставаат до знаење дека Германија е заинтересирана за луѓе кои ќе дојдат кај нас да работат одредена работа, која никој друг не ја работи, изјави канцеларката.

- Advertisement -

Законската регулатива стапува на сила од 1 март идната година. Занаетчиите чии сектори се најмногу погодени од недостатокот на работна сила, предупредуваат дека процесите за добивање работна виза и вработување мора да бидат забрзани.

Според моменталните проценки на германската економија и се потребни 30.000 работници, но од асоциите на работодавци оценуваат дека економијата е способна да прими најмалку 100.000 квалификувани странски работници на годишно ниво. Поради тоа стопанските комори и асоцијации бараат од владата подобри мерки за привлекување работници од земји надвор од ЕУ. Дури и самата канцеларка признава дека Германија не е единствената земја која има недостаток од квалификувани занаетчии и работници.

- Advertisement -

Не сме единствени кои бараат професионалци ширум светот, има огромна конкуренција во оваа област. Тоа значи дека исто така мораме да понудиме атрактивни работни услови и атрактивна социјална средина, оценува Мекрел.

Високите животни трошоци и даноци се меѓу главните пречки зошто најголемиот дел квалификувани работници од Европа ја заобиколуваат Германија.

- Advertisement -

Многу важно е нам да ни биде кристално јасно дека ако сакаме луѓето да останат тука, понекогаш и од далечни држави, важно е да можат да се чуствуваат како дома после одреден временски период, да бидат интегрирани во социјалниот систем не само во компаниите, туку и во заедниците кај што живеат,порачува Крамер.

Законските измени кои стапуваат на сила во март идната година вклучуваат проширување на олеснувањата за добивање работна виза за факултетски образовани работници од земји надвор од унијата. Здравството и информатичките технологии како сектори се најмногу погодени од недостатокот. Според Конфедерацијата на германската асоцијација на работодавци од завршувањето на мигрантската криза во 2015 година, дури 430.000 баратели на азил денеска се вработени во Германија.

Сподели!
- Advertisement -