Volkswagen со електрични комбиња инспирирани од „Војна на ѕвездите“

- Advertisement -

На 27 мај, стриминг-платформата Disney+ ја објави мини-серијата Obi-Wan Kenobi, која се фокусира на животот и ликот на истоимениот џедај од светот на Star Wars.

По тој повод, истиот ден, германскиот автомобилски производител Volkswagen откри две нови верзии на своето електрично комбе “ID. Buzz”, чиј дизајн е инспирирани токму од „Војна на ѕвездите“.

- Advertisement -

Дизајнот се состои од „светла“ и „темна“ варијанта, кои соодветно треба да посочуваат на ликовите Оби-Ван Кеноби и Дарт Вејдер.

Светлата верзија има бело-беж боја како туниката ан Оби-Ван, заедно со хромирани делови кои треба да потсетуваат на вселенските бродови и роботите во светот на Star Wars. По обемот на комбето се наоѓа сина линија, како светлечкиот меч на Оби-Ван, додека странично се наоѓа грбот на „Бунтовничката Алијанса“.

- Advertisement -

Спортивно на светлата верзија, темната верзија доаѓа во црна боја, како оклопот на Дарт Вејдер, во комбинација со црвени линии кои треба да потсетуваат на светлечкиот меч на Вејдер. Странично на возилото се наоѓа грбот на „Империјата“.

„Можноста да се истражи како Оби-Ван Кеноби и брендот Volkswagen може да се спојат во едно возило беше чиста забава. Темите на доброто и злото, светлото и темното не се нужно концепти што ги применуваме на автомобилите. Соработката со ID Buzz понуди единствена можност автомобилите да станат графички одраз на два иконски лика“ – рече Даг Чаинг, извршен креативен директор во Lucasfilm, продукциската куќа која стои позади франшизата Star Wars.

- Advertisement -

Извор – Маркетинг 365

Сподели!
- Advertisement -