Флексибилниот телефон на Huawei ќе биде помал и поевтин

- Advertisement -

По повеќе години најави и гласини и многу концепти, минатата година флексибилните телефони станаа реалност. Samsung, Huawei, помалку познатата компанија Royole и Motorola ги претставија своите телефони. Тие треба да се поакзател како ќе изгледа во иднина мобилната индустрија, а дали ќе биде така ќе покаже времето. За почеток тоа ќе бидат уреди за сите со подлабок џеб.

Првата генерација такви телефони имаше проблеми со екранот, но напредокот на технологијата и искуството помогнаа тие проблеми да се надминат. Ако им веруваме на информациите кои круѓат по интернет, новиот флексибилен телефон Samsung треба да го претстави во февруари, а неделава се појавија и информации за новиот флексибилен телефон на Huawei, моделот Mate XS.

- Advertisement -

Освен што ќе биде помал, треба да биде и поевтин и поиздржлив во однос на минатогодишниот Mate X. Тој модел веројатно ќе се појави во март годинава, додека за втората половина на годинава Huawei наводно подготвува уште еден флексибилен смартфон.

Сподели!
- Advertisement -