Чиле го менува начинот на кој луѓето ја гледаат храната за да се бори против гојазноста

- Advertisement -

Чиле го менува начинот на кој луѓето ја гледаат и размислуваат за храната со цел да се бори против гојазноста кај населението. Во периодот од 1980 до 2014 година во Чиле се дуплирал бројот на гојазни луѓе. Последните пет години, пак, ситуацијата е толку влошена што 34,4% од возрасните и 44,5% од децата имаат прекумерна тежина.

Затоа, Чиле ги презеде работите во свои раце. Беа поставени предупредувања на амбалажата на храната со многу масти, шеќер и сол, беше ограничена продажбата на таквите производи во и околу училиштата и беа отстранети цртаните ликови и другите рекламни материјали насочени токму кон децата од амбалажата на производите.

- Advertisement -

Населението вели дека овие мерки им ги отвориле очите за ризиците на нездравата исхрана и постојат докази дека денес луѓето носат поздрави избори. Тоа ќе има големо влијание и врз економијата на земјата. Благодарение на новите мерки, трошоците на Чиле за здравството ќе се намалат за 750 милиони долари годишно.

Chile is changing how people think about food to fight obesity

5 years ago, nearly half of all Chilean children were overweight.📕 Read more: https://wef.ch/30HRVVP #healthyfutures #wef20

Posted by World Economic Forum on Среда, 22 јануари 2020
- Advertisement -

Сподели!
- Advertisement -