Познатиот бренд за долна облека се продаде за половина милијарда долари

- Advertisement -

Приватната фирма Sycamore Brends ќе биде новиот мнозински сопственик на компанијата Victoria’s Secret, пренесува AP.

Sycamore Brends ќе купи 55 проценти од капиталот на Victoria’s Secret за околу 525 милиони долари, соопшти компанија “L Brands” во која најголем сопственик до сега беше овој американски производител на женска долна облека и козметика.

- Advertisement -

Компанијата Columbus од Охајо ќе ги задржи преостанатите 45 проценти од сопственоста.

Договорената продажна цена укажува на значителен пад на вредноста на брендот Victoria’s, чии стотици продавници минатата година остварија приход од околу 7 милијарди долари.

- Advertisement -

За време на сезоната на празнични купувања кон крајот на минатата година, Victoria’s Secret забележа пад на продажбата од 12 проценти, а денес компанијата објави дека во четвртиот квартал продажбата паднала за 10 проценти. Падот на продажбата е последица на зголемената конкуренција и промената на вкусовите на клиентите.

Акциите на “L Brands”, матичната компанија на Victoria’s Secret, паднаа на електронското тргување пред официјалното отворање на берзата за 14,6 проценти.

- Advertisement -

(denar.mk)

Сподели!
- Advertisement -