НАТО основа вселенски центар во Германија од кој ќе ги штити своитe сателити од непријатели

- Advertisement -

Министрите за одбрана на земјите членки на НАТО на својот виртуелен состанок пред неколку дена договорија отворање на вселенски центар во Рамстајн во Германија. НАТО ќе воспостави вселенски центар задолжен за заштита на сателитите на земјите сојузници од непријателски напади.

Идејата за вопоставување таков центар е покрената на состанок на лидрите на земјите членки во декември 2019 година во Лондон. Сателитите на земјите членки на сојузот се многу ранливи и претставуваат потенцијални цели на нападот. Кина и Русија развија капацитети кои можат да ги онеспособат и уништат сателитите, што би имало тешки последици за комуникацијата меѓу земјите членки.

- Advertisement -

Центарот во Рамстајн ќе има за задача да дели информации за заканите по сателитите и да ја координира активноста на сите сателити. НАТО кон крајот на минатата година го просласи космосот за петта оперативна зона, после воздухот, копното, морето и сајбер просторот.

(Zimo)

- Advertisement -

(фоѕо: Needpix)

Сподели!
- Advertisement -