Нови цени на горивата

- Advertisement -

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек за 2,49 % во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката од 06.04.2020 година.

Од вечерва на полноќ малопродажната цена на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95  и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 денари/литар и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 48,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 50,50 ден/лит.

- Advertisement -

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува, односно останува на исто ниво од минатата недела  од 45,00 денари за литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 0,50 денари/литар и ќе изнесува 33,00 ден/лит.

- Advertisement -

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 2,136 ден/кг и ќе изнесува 20,106 ден/кг.

Од 14.04.2020 година максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

- Advertisement -

Моторен бензин                       ЕУРОСУПЕР БС – 95                            48,50 (денари/литар)

Моторен бензин                      ЕУРОСУПЕР БС -98                             50,50 (денари/литар)

Дизел гориво                           ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)                       45,00 (денари/литар)

Масло за горење                      Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)               33,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС                                                                                                                                      20,106 (денари/килограм)

Клучните фактори што влијаат на крајната цена согласно Методологијата за формирање на цените се референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар и курсот на денарот во однос на доларот.

Во изминатиот седумдневен период референтните цени на нафтените деривати бележат зголемување и тоа кај бензинот во просек за околу 4,437%, кај дизелот зголемувањето е во просек за околу 1,366%, кај екстра лесното масло има намалување во просек за околу 3,327% и кај мазутот се регистрира зголемување во просек за околу 19,178 %.

Во исто време курсот на денарот во однос на доларот во изминатиов седумдневен период е зголемен за 1,125%. Согласно Методологијата за формирање на цените, вклучени се сите овие влезни параметри и извршено е соодветно прилагодување. Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 14.04.2020 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Сподели!
- Advertisement -