Виталиа ја освојува Африка – на ред Нигерија и Гана

- Advertisement -

Производите на Виталиа го најдоа патот до Африка! Оваа недела Виталиа ги направи своите први испораки до Нигерија, а веќе од следната недела производите на оваа македонска компанија за здрава храна ќе бидат извезувани и во Гана. Наскоро, луѓето во овие земји ќе можат да ја пронајдат здравата и вкусна храна од Виталиа на полиците во нивните локални маркети.

Разновидното портфолио, прифатливите цени и глобално признатиот квалитет ги препорачаа производите на Виталиа, која од година во година успева да ја прошири својата мрежа во повеќе земји ширум светот.

- Advertisement -

Виталиа во овие две земји ќе се претстави практично со целиот свој асортиман на производи. Нигерискиот пазар покажа огромен интерес за функционалната линија на Виталиа, односно протеинската, безглутенската линија и производите без додаден шеќер. Во Гана, пак, најголемата побарувачка е за core производите на Виталиа, како кранчи муслите, сировите барови, гранола баровите, чаевите и слично.

Нигерија е позната како најразвиената и најголема економија, не само во Западна Африка, туку и на целиот континент. Оваа земја има популација од 206 милиони жители и е дом на втората најголема филмска индустрија во светот, веднаш зад американската. Гана, пак, ја има најбрзо растечката економија во Африка, но и население од 31 милион жители чии животни навики забрзано се менуваат. Побарувачката за иновативна и вкусна, но пред сè здрава храна, во овие земји ќе биде одговорена со новата понуда на производи на Виталиа, почнувајќи веќе од оваа недела.

- Advertisement -

Виталиа е најголемиот производител на здрава храна во Македонија и еден од најголемите извозници надвор од земјата, со дистрибутивна мрежа која постојано се шири. Минатата година Виталиа за првпат се претстави во Јапонија, а оваа година за првпат учествува и на африканскиот пазар.

Целта на компанијата е да создаде производи за модерниот човек кој сака да се храни здраво, да ужива во полните, разновидни вкусови и притоа да го направи својот живот поквалитетен преку консумирање на она што е добро за него. Производите на Виталиа се наменети за различни генерации и целни групи, со цени адаптирани и достапни на просечниот купувач.

Сподели!
- Advertisement -