Во борбата против КОВИД-19, Франција ќе плаќа за часови за возење велосипед!

- Advertisement -

Франција ќе плаќа за часови по возење велосипед и поправки на велосипедите со цел да се бори против пандемијата на корона вирусот и против загадувањето на воздухот.

Поттикнувањето на возење велосипед може да го намали ризикот од втор бран на корона вирусот затоа што епидемиолозите се плашат дека токму јавниот превоз може да биде извор на вториот бран на пандемијата.

- Advertisement -

Освен тоа, користењето помалку моторни возила ќе придонесе да се зачува ниското ниво на загадување на воздухот кое е последица на карантинот. Франција планира да ги укине рестрикциите на 11 мај и после тоа секој жител на Франција ќе добие по 50 евра за поправки на велосипед и ќе плаќа часови по возње велосипед.

Исто така, земјата работи на поставување повеќе паркинзи за велосипеди и ја надградува програмата која го субвенционира трошокот за одење на работа со велосипед. Регионот на Париз, пак, гради 750 км дополнителни велосипедски патеки и нова велосипедска патека паралелна со трите најпрометни метро линии.

- Advertisement -

Многу други градови во текот на пандемијата ја зголемија должината на велосипедските патеки. Такви градови се Богота, Милано и Брисел. Милано, исто така, го намалува капацитетот на метро возовите за 30% со цел да се одржува растојание меѓу патниците.

Фото – Flickr.com

France will pay for cycling lessons and bike repairs to fight coronavirus and air pollution

A two-wheeled approach to avoid a second wave.📕 Read more: https://bit.ly/3aSPGlR

Posted by World Economic Forum on Петок, 01 мај 2020
Сподели!
- Advertisement -