Ако по природа сте песимисти, сега е докажано дека тоа не е добро за вашиот мозок. Ново истражување покажа дека негативното размислување во доцните години од животот е поврзано со падот на когнитивните функции и поголеми наслаги на два штетни протеини кои се одговорни за развивање на Ацхјамерова болест.
Авторката на студијата и психијатарка, Натали Марчант вели дека во новата студија дошле до тој податок. Во истражувањето учествувале 350 луѓе постари од 55 години, а било мерено негативното размислување кај луѓето. На околу една третина од учесниците им била направена позитронска емисиска томографија или PET. Тоа е снимање на мозокот кое ги мери наслагите на тау и бета амионидите, двата протеини кои предизвикуваат Алцхајмерова боелст.
Скенирањето покажало дека луѓето кои се повеќе размислувале негативно имале поголема количина наталожени тау и бета аминоиди, полоша меморија и поголем пад на когнитивните способности од луѓето кои имале позитивни мисли. Студијата го тестирала и нивото на анксиозност и депресијата и открила поголем когнитивен пад на негативните и анксиозните луѓе.
„Други студии покажаа дека депресијата и анксиозноста се поврзуваат со ризикот од деменција, а нашето истражување покажа дека хронично негативното размислување може да го зголеми ризикот од други пореметувања.Битно е да се нагласи дека краткорочното негативно размислување нема да предизвка Алцхајмерова болест, но како што нагласуваат, потребни се подетални истражувања. Нивната хипотеза била поттикната од претходни истражувања. Колку е попозитивно вашето мислење, толку е помала веројатноста да се појават кардиоваскуларни болести.
(фото: Pxfuel)