Самсунг ќе произведe 30 милиони телефони помалку oваа година!

- Advertisement -

Најновите информации укажуваат дека јужнокорејскиот гигант го намали производството на паметни телефони за 30 милиони, додека Apple се откажа од планираното зголемување на производството за оваа година.

Изминатите две години беа повеќе од турболентни со бројн и проблеми предизвикани од пандемијата, пореметените глобални ланци за снабдување, недостигот на чипови како и актуелната војна во Украина која дополнително ја искомплицира ситуацијата. Сите тие фактори се одразуваат на пазарот на паметни телефони, а тоа најдобро се гледа на примерот на двете најголеми компании. Јужнокорејскиот Самсунг со години го држи првото место по продажба на паметни телефони со повремени прекини. Според последните извештаи од азиските медиуми, компаниите го известиле партнерите дека во текот на 2022 година ќе го намалат планираното производство на паметни телефони дури за 30 милиони. Според првичните планови, годинава Самсунг требало да произведе околу 310 милиони телефони, а сега тој план е намален на 280 милиони.

- Advertisement -

Кога станува збор за Apple, не планира намалување на производството но се откажа од планот за зголемување на производството. За оваа година се планира производство на дополннителни 20 милиони ајфони, но производството ќе остане на минатогодишното ниво.

Фото – Flickr

Сподели!
- Advertisement -