Кина ја патентираше првата вакцина за КОВИД-19

- Advertisement -

Кинескиот производител на вакцини CanSino Biologics Inc доби одобрение од Пекинг за патентирање на својот кандидат за вакцина против КОВИД-19, Ad5-nCOV, потврдуваат државните медиуми цитирајќи документи од регулаторите на интелектуална сопственост на земјата.

Ова е првата патентирана кинеска вакцина за КОВИД-19. Како што пишува кинескиот национален весник People’s Daily, од документите објавени од Кинеската администрација за национална интелектуална сопственост може да се види дека патентот е одобрен на 11 август годинава.

- Advertisement -

Од Саудиска Арабија во текот на август објавија дека планираат да ја почнат третата фаза од клиничките тестирања за вакцината на CanSino. Од CanSino истакнаа дека исто така се во преговори со Русија, Бразил и со Чиле за почнување на третата фаза од клиничките тестирања во тие земји.

Акциите на CanSino на берзата во Хонгконг се покачија за 14% денес, додека на берзата во Шангај се покачија за 6,6%.

- Advertisement -

(Reuters)

(фото: Pikist)

Сподели!
- Advertisement -