Илон Маск и НАСА подготвуваат нова мисија во вселената

- Advertisement -

Илон Маск и SpaceX неодамна се запишаа во историјата со својата вселенска капсула Crew Dragon, која превезе астронаути до Меѓународната вселенска станица и ги врати назад на Земјата. Сега вселенската компанија и НАСА веќе се подготвуваат за уште еден таков лет. Новиот лет првично бил планиран за 23 октомври, но тој датум е поместен на 31 октомври.

Рано наутро на Денот на вештерките ракетата Falcon 9 на SpaceX ќе ја понесе капсулата Crew Dragon, во која ќе се наоѓаат четворциа астронаути – Мајкл Хопкинс, Виктор Гловер, Соичи Ногучи и една претставничка на понежниот пол, Шенон Вокер. Тие ќе полетаат кон Меѓународната вселенска станица, каде што треба да пристигнат на 1 декември.

- Advertisement -

Токму во фактот што НАСА за транспорт на своите астронаути сега не мора да користи руски летала лежи вредноста на SpaceX. Освен со компанијата на Маск, НАСА има договор и со Boeing, со чиjа капсула Starliner исто така сакаат да ги испратат своите астронаути во вселената.

(CBS News)

- Advertisement -

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -