Руски научник тврди дека корона вирусот во Европа мутирал во корист на луѓето

- Advertisement -


Намалувањето на смртноста од КОВИД-19 во Европа, меѓу другото, може да се поврзе со мутациите во геномот на вирусот, изјави професор од Националниот истражувачки центар за еопидемиологија и микробиологија при руското Министерство за здравство Гамалеј, Анатоли Алштејн.

„Малку е веројатно дека оваа огромна разлика во смртноста, на пример, во Европа, каде што во текот на пролетниот бран смртноста беше околу 10%-15%, а сега е 0,5%, се должи само на медицинските достигнувања. Мислам дека биолошките промени на вирусот исто така се битни“ изјави Алштејн за ТВ канал Rusija-24.

- Advertisement -

Според рускиот научник, мутациите кои се јавуваат во геномот на корона вирусот се „корисни за луѓето“ и влијаат за намалување на смртноста на вирусот. Меѓутоа, Алштејн кажа дека позитивната динамика на аспектот на смртноста во Европа е поврзана и со подобрената здравствена заштита.

Бројот на смртни случаи од инфекцијата со корона вирусот во западна Европа преку летото се намали за 2-3 патри, и покрај растот на вкупниот број на инфицирани. На пример, во Шпанија уделот на починати наспрема бројот на инфицирани се намали речиси двократно – од 12% на 6,6%.

- Advertisement -

(Bizlife)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -