Првата робот инфлуенсерка на Instagram има дури 300.000 следбеници и заработува многу пари

- Advertisement -

Во склад со технолошкиот напредок луѓето за повеќе професии и работи кои ги вршат добиваат компјутерски генерирани личности или роботи кои ги заменуваат. Затоа, немојте да се зачудите ако се покаже дека една од вашите омилени инфлуенсерки на Instagram е – робот.

Пандемијата која го погоди целиот свет на „живите“ инфлуенсери им ги ограничи активностите и ги натера компаниите да користат роботи-инфлуенсери за промоција на своите производи на платформи како што е Instagram.

- Advertisement -

Една од нив е и @imma.gram, која има повеќе од 300.000 следбеници на Instagram. Иако на прв поглед личи на обична девојка, таа е робот кој заработува пари. Позната е по неколку доста успешни соработки како таа со Porche, потоа со луксузниот моден бренд Ferragamo. Освен тоа, снима и модни едиторијали и учествува на TikTok.

Виртуелните инфлуенсери и претходно, пред короната, имаа големо влијание на социјалните мрежи. Како што наведуваат експертите, се очекува дека брендовите ќе потрошат околу 15 милијарди долари на маркетинг инфлуенсери до 2022 година, за разлика од минaтогодишните 8 милијарди.

- Advertisement -

Се поголем дел од тие пари ги заработуваат виртуелни инфлуенсери, а традицоналниот маркетинг доживува сериозни пореметувања. Виртуелните инфлуенсери, иако се лажни, имаат вистински потенцијал за работа. Долгорочно, поевтино е да се работи со нив отколку со луѓе. 100% можеме да ги контролираме, а може да се појават на повеќе места одеднаш и што е најбитно, никогаш не стареат и не умираат, велат маркетинг експертите.

(Bizlife)

Сподели!
- Advertisement -