Forbes ја смести Србија меѓу топ 5 скриени дестинации во Европа

- Advertisement -

Американскиот магазин Forbes ја смести Србија на листата со топ пет европски дестинации кои се совршени за патници кои трагаат по помалку популарни дестинации. Ако веќе сте поминале повеќе време во Западна Европа, размислете за патување во една од потценетите нации на истокот, северот и југот на континентот. Богати со преубава природа и фасцинантна историја, овие пет земји се идеални за оние кои бараат навистина уникатно искуство, пишува Forbes.

Меѓу причините за посета на Србија, Forbes наведува дека земјата изобилува со природни извори на минерална вода, истакнувајќи дека нејзините бањи се светска класа и де привлекуваат посетители од цела Европа. Посебно ги издвојува Врњачката и Рибарската бања како дестинации во кои туристите можат да поминат опуштен одмор.

- Advertisement -

Магазинот споменува дека Србија изобилува и со историски градови – од Ниш, за кој наведуваат дека е родното место на римскиот цар Константин Велики, до Нови Сад, за кој истакнуваат дека е познат како српска Атина поради историското значење.

Forbеs напоменува дека ниедно патување во Србија не е целосно без посета на Белград, а српската престолнина ја опишува како еден од најстарите европски градови, кој не само што е полн со археолошки ископини, туку има и богат извор за љубителите на храна и пиење

- Advertisement -

Покрај Србија, на листата со топ пет се најдоа и Молдавија, Летонија, Словачка и Црна Гора.

(Bizlife)

- Advertisement -

(фото: Pxfuel)

Сподели!
- Advertisement -