Корејски научници осмислија решение за скршените екрани на телефоните

- Advertisement -

Два тима од јужнокорејски научници објавија дека пронашле решение за проблемот кој мачи милиони луѓе во светот – скршените или напокнатите екрани на телефоните.

Експерти од корејскиот Институт за наука и технологија и Универзитетот Јонсел развија полимер кој може да се вгради во ЛЦД екраните на смартфоните, кој може сам да се поправа, односно да ги санира пукнатините.

- Advertisement -

Како што велат научниците, ја искористиле супстанцијата добиена од ленено семе, која под УВ светлина може да се врати во првобитната состојба во рок од 20 минути, односно на собна температура во рок од 12 часа.

Како што појаснуваат, создале полимер кој содржи микропластика со ленено масло во комбинација со силикон. Тој полимер потоа го претвориле во заштитен слој кој може да се нанаесе на екранот на паметните телефони. Така кога ќе се оштети екранот, ќе пукнат микропластиките и ќе ги исполнат пукнатините и така ќе го поправат оштетениот екран.

- Advertisement -

Со оглед на тоа дека податоците покажуваат дека една четвртина од корисницитње на смартфони мора барем еднаш да го заменат екранот на телефонот поради кршење, оваа нова супстанција може да стане вистински хит.

(Kist)

- Advertisement -

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -