Божиќен џемпер активира аларм ако некој ви се приближи на повеќе од 2 метри

- Advertisement -

Еден од изразите кои ја одбележаа 2020 година е социјалното дистанцирање. Рeшението кое најголем дел од компаниите го имаа за одржување на дистанцата од март годинава е работата од дома, а се појавија и некои решенија базирани на сензори во канцелариите кои ги предупредуваат вработените која некој ќе им се приближи на повеќе од 2 метри.

Бидејќи е време на празници и покрај предупредувањата на научниците и докторите за одржување растојание, јасно е дека семејствата и некои пријатели ќе се соберат, па американската компанија SimpleSafe, која е позната по решенија за безбедност на домот, направи божиќен џемпер за социјално дистанцирање.

- Advertisement -

Прототипот кој го прикажаа во видео е опремен со ЛЕД светла и мали звучници, како и термална камера. Кога некој ќе и се приближи на личноста што го носи на повеќе од 2 метри, ќе се запалат светлата. Термалните камери поставени во предниот дел на џеемперот ја следат и температурата во околината, а кога алгоритамот ќе препознае топлина од човечко тело се активираат светлосни и звучни сигнали.

(Zimo)

- Advertisement -

(фото: YouTube screenhsot)

Сподели!
- Advertisement -