Република Северна Македонија, ќе добие 800 000 вакцини против Ковид-19, од прозиводителот Pfizer од кои 5.850 дози ќе пристигнат во февруари, информира Министерството за здравство.
„Министерот за здравство д-р Венко Филипче, во директни преговори со овој производител, обезбеди вакцини за цела 2021 година. Договорот беше дефиниран утрово во телефонски разговор на министерот Филипче и висок претставник на компанијата производител на вакцини против Ковид-19. Првите 5.850 дози вакцини на Фајзер ќе стигнат во февруари, потоа ќе следува пратка со поголема количина во март, април, а динамиката за цела 2021 година дополнително ќе се утврди“, соопшти утрово Министерството за здравство.
Вакцината на Фајзер се чува во фрижидери на -70 степени Целзиусови, а таквите фрижидери во нашата земја ќе пристигнат месецов.
Регулаторните медицински агенции, Европската агенција за лекови и американската Агенција за храна и лекови имаат дадено одобрение за вакцината на Pfizer.
(фото: Wikimedia)
(Denar.mk)