Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден откри пакет-предлог вреден 1.9 трилиони долари со цел да се поттикне американската економија и да се забрза американскиот одговор на пандемијата на корона вирусот.
Кампањата на Бајден од минатата година вклучуваше ветување дека ќе ја сфати пандемијата посериозно отколку Доналд Трамп и новиот пакет-мерки има за цел да го претвори тоа негово ветување во реалност со нови ресурси за закрепнување на американската економија.
„Не е тешко да се сфати дека ние се наоѓаме среде една криза која се случува еднаш на неколку генерации. Кризата предизвика огромно страдање кај луѓето, што не може да не се забележи, и нема време за губење. Мода да преземеме нешто и тоа мора да го направиме веднаш“ изјави Бајден.
Пакетот кој го предлага Бајден вклучува 415 милијарди долари за да се забрза одговорот на вирусот и дистрибуцијата на вакцините против КОВИД-19, 1 трилион долари директна помош за домаќинствата и околу 440 милијарди долари за малите бизниси и заедници кои се особено тешко погодени од пандемијата.
На жителите на САД ќе им биде напишан чек од 1.400 долари, а помошта за невработени ќе се зголеми од 300 на 400 долари неделно. Овие мерки ќе важат до септември. Бајден веројатно ќе се соочи со противење во Конгресот поради високите суми кои ги предлага – неговиот предлог пакет изнесува речиси 9% од БДП на САД.
(Al Jazeera)
(фото: Wikimedia)