Пет најспектакуларни роботи измислени во 2018 година

- Advertisement -

Изминатата година беше прилично плодна кога станува збор за технологијата, но во текот на 2018 година беа претставени и некои сериозно морничави роботи кои се неверојатно софостицирании слични на луѓето. Ова се петте најспектакуларни роботи кои се измислени во ИТ лаборатории ширум светот во 2018 година.

Atlas

- Advertisement -

Роботската инженерска компанија со долгогодишна традиција Boston Dynamics не одушеви сите со откривањето на можностите на нивниот најнов модел на робот. Во октомври беше претставен роботот Atlas , кој може да прескокнува скалила и пречки без намалување на брзината, да трча по нерамни површини, да се дигне веднаш откако е соборен, да скока и да се движи наназад.

CIMON

- Advertisement -

CIMON (кратенка од Crew Interactive MObile companioN” е новиот робот кој чини 6 милиони долари. Роботот изгледа како пластична топка со големина на кошаркарска топка, а е дизајниран да ја подобри ефикасноста на персоналот и да го подигне моралот при долгите вселенски мисии.

Robo-twerk роботот кој танцува 

- Advertisement -

Роботот со облик на куче кој беше претставен рано минатата година и има способност да отвора врата неодамна се појави во помодерна верзија, која може и да игра.

Хуманоиден робот Kengoro

Минатата година се запознавме и со најновиот модел на хуманоидниот робот Kengoro, кој го создадоа научници од Универзитетот Токио. Има 174 зглобови, го придвижуваат 116 мотори и има систем за ладење кој потсетува на човечкото потење, а може да ги направи речиси сите движења како еден човек.

ANYmal

Лабораторија од Цирих неодамна претстави сопствена верзија на робот куче кое може да отвори врата. Го нарекоа ANYmal и може да повика лифт, да отвори врата и да го собере ѓубрето.

Сподели!
- Advertisement -