Овој стартап е првиот во светот кој одгледува риби од клетки. Клетките се ставаат во големи метални контејнери и се додаваат посебни хранливи состојки со цел да се поттикне размножувањето пред да се стават во 3Д принтер и да се произведат филети. Тие филети може да се јадат свежи, да се пржат или да се печат.
Од стартапот BluNalu со седиште во Калифорнија велат дека целиот процес е исто природен како правењето јогурт. Ако успеат да го скалираат својот бизнис, ќе можат да понудат одржлива алтернатива за протеини која во себе не содржи отрови како жива или пластика.
На глобално ниво се претерува со ловењето на рибите во природата за 30%, а 60% од нив целосно се искористуваат. Затоа е многу битно да се најдат природни начини да се одгледуваат риби за храна.
BluNalu планира да почне да ги продава своите производи за 2 години.
(World Economic Forum)
(фото: Piqsels)