Тропскиот рај Бали се дави во отпад

- Advertisement -

Некогаш прекриени со кристално бел песок, плажите на Бали во последно време се претворија во депонии за тони пластика. Популарните плажи Кута и Џимбаран сега се пусти и преполни со пластични шишиња, кеси и друга пластика која на плажата ја исфрла океанот. Сега повеќе личат на вистински депонии отколку на идилична туристичка дестинација.

Секојдневно на најпопуларните плажи на Бали се собираат од 30 до 60 тони отпад, а тоа најмногу се случува во периодот меѓу декември и март, кога сезонските ветрови и силниот дожд го исфрлаат отпадот на плажата.

- Advertisement -

Локалните жители велат дека проблемот годинава е посериозен отколку кога било – отпадот донесе уште една криза за островот кој веќе се бори со пандемијаѕа на КОВИД-19. Исто така, токму поради ширењето на корона вирусот немаат голем број туристи.

Вообичаено одделни одморалишта плаќаат цела армија од чистачи кои деноноќно го отстрануваат пластичниот отпад од плажите. Меѓутоа, многу од нив добија откази поради недостиго на туристи затоа што приливот на туристи на островот се намали за 95%.

- Advertisement -

(Bizlife)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -