Samsung развива мобилен телефон со двоен преклоп

- Advertisement -

Компанијата Samsung наводно работи на мобилен телефон со механизам за двојно преклопување. Станува збор за уред кој се состои од три сегменти, а може да биде претставен најрано до крајот на годинава.

Смартфонот би бил третата опција во понудата на Samsung за телефони на преклоп и ќе се приклучи на моделите Galaxy Z Fold и Z Flip, чии нови верзии исто така треба да се појават годинава.

- Advertisement -

Моделите со двоен преклоп веќе сме ги виделе, а еден од нив беше прототипот на Xiaomi кој се преклопуваше во две точки, меѓутоа Samsung искористи адаптиран дизајн на Galaxyj Fold за својот нов уред на преклоп.

Новиот уред би можел да зависи од недостиг на чипови, а познато е и дека производството на преклопни уреди е позахтевно отколку производството на стандардни модели.

- Advertisement -

(Klix.ba)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -