ВИДЕО: Fairphone 5 e првиот етички и еколошки прифатлив телефон

- Advertisement -

Компанијата FairPhone е позната по своите телефони кои можат едноставно да се поправаат и имаат делови кои лесно се заменуваат, а сега на саемот за потрошувачка електроника IFA 2023 го претстави својот најнов уред – Fairphone 5, кој е посветен на зачувувањето на околината, долготрајно користење и чесна исплата на работниците кои го склопуваат во фабриките. Тоа можете да го видите и од видеото во прилог.

Под слоганот „Направен фер“ („Мade fair”), производителот се потрудил 70% од материјалите користени за телефонот да се рециклирани и материјали ископани во рудници каде што рударите се плаќаат чесно, а не се злоупотребуваат. Тоа вклучува користење литиум, волфрам и злато добиени преку разни иницијативи за одржливост, со рециклирање на алуминиум и други ретки елементи.

- Advertisement -

На пример, батеријата на Fairphone 5 е направена од чесно набавен литиум и фер тргувано злато, за што од компанијата велат дека им помага на работниците во рудниците и околните заедници со подобрување на работните услови.

Програмата „Плати за живот“ на Fairphone исто така е проширена на доставувачите на компоненти, со над 2.000 работници кои сега примаат поголема плата. Тиа ги вклучува и луѓето што склопуваат, како и тие што работат на производството на батерии, PCB и вибрациски мотори.

- Advertisement -

Fairphone 5 има многу предности и за крајните корисници, Она што е импресивно е дека компанијата вети софтверска поддршка за најмалку 8 години – најголем дел од смартфоните се лансираат со 3 или ретко 5 години поддршка. Како и прретходните модели, Fairphone 5 има практичен модуларен дизајн, кој ви овозможува едноставна замена на компоненти со одвртување на неколку шрафови. Во телефонот има десет заменливи компоненти, вклучувајќи ја батеријата, екранот и USB-C приклучокот, а се може да се купи преку веб продавницата на Fairphone или други доставувачи како што е iFixit.

Во однос на спецификациите, Fairphone 5 има IP55 оценка за отпорност на вода и прашина, ОЛЕД екран од 6,46 инчи со освежување од 90 Hz, а процесорот е Qualcomm CQM6490 со 8 GB RAM и 256 GB дополнителна меморија, како и батерија од 4200 mAh.

- Advertisement -

Што се однесува на камерите, главниот сензор е Sony IMX800 од 50 MP (f/1,88), ултраширока камера Sony IMX858 од 50 MP од 121 степен и ToF единица за мерење длабочина, додека предната камера е од 50 MP.

Fairphone 5 веќе е достапен во преднарачка по цена од 699 евра.

(Vidi.hr)

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -