Велосипедот MTLTM ќе вози со неуништливите гуми развиени за НАСА

- Advertisement -

Кога НАСА почна да ги развива своите вселенски возила за истражување на Месечината и Марс, популарно наречени ровери, еден од главните проблеми кои требаше да ги реши е да спречи гумите на тркалата да се продупчат и така да го онеспособат скапоценото возило и мисијата вредна стотици милиони долари.

Со тек на време експертите во НАСА развија и метални влакна кои може да се вплетат во гума која е невозможно да се продупчи. Дека таквите тркала се отпорни на остри камења и се доволно прилагодливи на теренот, се докажа во лабораториите на НАСА.

- Advertisement -

Но, како што бидува со технологијата развиена за вселенски истражувања, и оваа најде свое место на Земјата. Така, американската компанија Smart Tire Company одлучи да ја искористи технологијата за неуништливи гуми и да го создаде уникатниот, речиси вселенски велосипед METLTM. Овој единствен велосипед е опремен со гуми направени од лесни легури кои се еластични како гума, а цврсти како титаниум. Без оглед на тоа по каков терен се движи велосипедот, нема да ја сменат формата, а истовремено се 30 пати поцврсти од челик.

Од Smart Tire Company истакнуваат дека гумите се врвен спој на врвна технологија и екологија затоа што нема да ја загадуваат околината, а истовремено ќе ги исполнат очекувањата на сите најзахтевни велосипедисти – како градските, така и оние кои сакаат да возат во природа.

- Advertisement -

(Dnevnik.hr)

(фото: The Smart Tire Company)

Сподели!
- Advertisement -