Ploota ќе ве спаси од давење, а го носите како ѓердан околу врат

- Advertisement -

Пливачите може да се спасат од давење со помош на нов гаџет во стилот на воздушно перниче, кој се надувува околу вратот кога ќе почувствува дека тој што го носи е во опасност. Ploota се носи како ѓердан околу вратот и детектира итни ситуации слично како што функционираат воздушните перничиња во автомобилите.

Ploota може да осети кога пливачот потонал под вода подолго од 30 секунди и веднаш се полни со јаглрод диоксид од кертриџот кој се наоѓа во него. Така потенцијалната жртва на давење веднаш испливува на површината на водата.

- Advertisement -

Овој револуционерен гаџет може да се користи и како замена за гломазните „мускули“ на надувување кои ги носат на рацете децата додека уште се учат да пливаат. Исто така, може да го носат и постари луѓе кои не се стабилни и може да се лизнат, да се онесвестат и да паднат во кадата.

Основачот на компанијата која го прави, Реинер Факеш, дошол до идајата да го направи Ploota откако имале инцидент при пливање кога биле на семеен одмор на плажа.

- Advertisement -