Вработените во Apple ќе се вратат во канцеларија во септември

- Advertisement -

Изгледа дека наскоро ќе му дојде крај на работењето од дома за вработените во Apple. Извршниот директор на овој технолошки гигант, Тим Кук, испрати имејл до вработените во кој бара од нив да се вратат во канцеларија почнувајќи од септември годинава. Тим Кук напиша дека повеќето од вработените ќе треба да бидат во канцеларија најмалку во понеделник, вторник и четврток, со опција да се работи од дома во среда и петок.

Тимовите кои мора да работат заедно во живо ќе мора да доаѓаат на работа четири до пет пати неделно, но тоа не е изненадување. Некои вработени во Apple мораа да продолжат на работат во канцеларија дури и во пикот на пандемијата, иако најголем дел од нив можеа да работат од дома.

- Advertisement -

„Видеоконференциите го намалуваат растојанието меѓу нас, но некои работи едноставно не можат да ги заменат“ напиша Кук во писмото.

Додека вработените се очекува да бидат во канцеларија повеќето денови, ќе можат да работат на далечина две недели годишно со дозвола од менаџерот. Како што пренесува Bloomberg, Кук напиша дека има се повеќе достапни вакцини и се намалува стапката на заразени од корона вирусот. Тој оваа флексибилна работна недела ја нарече пробна и додаде дека повторно ќе се дискутира за тоа идната година.

- Advertisement -

Ривалот на Apple, Google, минатиот месец најави дека ќе воведе хибридна работна недела каде што најголем дел од вработените ќе поминуваат три работни дена во канцеларија. Се очекува 60% од работната сила да работат во канцеларија кога повторно ќе се отворат канцелариите во септември, додека 20% ќе бидат преместени во нови канцеларии. Останатите 20% ќе работат трајно од дома. Извршниот директор на Facebook, пак, Марк Цукерберг, најави дека вработените ќе можат да се пријават за трајна работа од дома и дека 50% од работната сила на оваа социјална мрежа ќе може да работат од дома во текот на наредните 5-10 години.

(Engadget)

- Advertisement -

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -