Необично возило кое изгледа како ветерница на тркала ги крши законите на физиката. Кога Рик Каваларо го претстави своето возило на погон на ветар наречено Blackbird и во 2012 година објави видео од Ерусалим, каде што покажа дека може да оди низ ветрот со брзина двојно поголема од брзината на ветрот, дури и некои научници го нарекоа шарлатан затоа што сметаа дека тоа е невозможно бидејќи со тоа се крши законот за зачувување енергија.
За да провери дали тоа е вистина или е некаков трик, Дерек Милер од YouTube каналот Veritasium одлучи сам да седне во Blackbird и да провери што е вистина. Како што се покажа, ова необичмно возило кое навистина изгледа како ветерница на тркала навистина нив ветрот може да вози со двојно поголема брзина од самиот ветар, како што можете да видите и од видеото во прилог.
На прашањето дали Blackbird ги крши законите на физиката, одговорот е едноставен – НЕ. Треба да напоменеме дека не работи ни на дополнителен погон на мотор или батерии, затоа што навистина се напојува со енергија само од ветрот.
Пропелерот не врти како ветерница, односно ветрот не го турка и не го врти. Наместо тоа, тркалата се насочени кон пропелер за да се врти во спротивен правец, како вентилатор, па тој го потиснува воздухот назад. Тоа значи дека ветрот едноставно го притиснува цело возило како едно парче стиропор и го движи. Тркалата се вртат, па го вртат и пропелерот во правец спротивен од начинот на кој го турка ветрот. Пропелерот го потиснува воздухот назад, така што притисокот го турка автомобилот напред и го забрзува. Кога пропелерот би се вртел како ветерница, тоа нема да значи повеќе потисна сила, но бидејќи пропелерот работи како вентилатор, тој и понатаму го забрзува воздухот назад, создавајќи потисок. Тоа значи дека можете да се движите побрзо од брзината на ветрот затоа што и кога оди побрзо од ветрот пропелерот и понатаму може да го забрзува воздухот назад создавајќи потисок.
На прашањето ако од тркалата доаѓа сила за придвижување на пропелерот, зошто тоа не ги забавува тркалата повеќе отколку што пропелерот турка назад, одговорот е затоа што тркалата се движат по земјата многу побрзо отколку што се движи пропелерот низ воздухот затоа што постои страничен ветар.
(Vidi.hr)
(фото: YouTube)