Побарувачката по автомобили во ЕУ и натаму е во слободен пад

- Advertisement -

Побарувачка по автомобили на европскиот пазар во февруари нагло опадна поради мерките во борбата против пандемијата на коронавирусот, с енаведува во извештајот на Здружението на производители на автомобили ACEA.

Во 26-те земји членки на ЕУ во февруари се регистрирани вкупно 771.486 нови автомобили (со исклучок на Малта), што е најмалку од 2013 година. Бројката покажува пад на европската побарувачка за автомобили за речиси една петтина на годишно ниво. Во јануари таа опадна за за 24 проценти.

- Advertisement -

Рестриктивните мерки и неизвесноста околу короната ја намалија побарувачката и во вториот месец од оваа година. ACEA посочува на намалена побарувачка на сите четири водечки европски пазари. „Гладата“ за нови автомобили најмногу опадна во Шпанија, со 38,4 проценти, а по неа следат Франција, Германија и Италија, каде што побарувачката се намали за околу една петтина. Најмал пад е забележан во Италија, која регистрираше 12 проценти помалку нови автомобили отколку во истиот месец минатата година.

Фото – Pixabay

Сподели!
- Advertisement -