Првата Кинеска во вселената беше на вселенска прошетка

- Advertisement -

Астронаутката Ванг Јапинг е првата Кинеска која изведе вселенска прошетка, а целта на прошетката е да се продолжи изградбата на кинеската вселенска станица. Ванг Јапинг е 40-годишен полковник и пилот и е дел од мисијата Shendzu-13, лансирана на средината на октомври.

Екипажот на мисијата е составен од уште двајца астронаути, кои ќе престојуваат во вселената шест месеци на модулот Tiаnјe, единствениот од трите модули на идната вселенска кинеска станица кој е веќе изграден.

- Advertisement -

Нивната задача е да ја продолжат изградбата на вселенската станица и исто така, да го тестираат капацитетот за подолг престј од половина година во безвоздушен простор.

Заедно со генералот Џаи Џиганг (55), кој е командант на мисијата, Ванг Јапинд синоќа беше на прошетка во вселената која траеше 6,5 часа. Целта на прошетката била инсталирање на нови елементи на роботската надворешна рака, осигурување на безбедноста на опремата и тестирање на вселенските комбинезони од новата генерација.

- Advertisement -

Ова е третата прошетка за екипажот на Tianje, а прва за имот на Ѕhendzu 13, кој треба да направи уште една или две прошетки во текот на наредните неколку месеци.

(N1)

- Advertisement -

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -