Google ќе мора да уништи милијарди податоци и да плати над 5 милијарди долари

- Advertisement -

Google се согласи да уништи повеќе милијарди податоци затоа што корисници ја тужеа компанијата дека тајни следи како го користат интернетот, иако ја користеле опцијата за приватно прегледување на содржини.

Условите за спогодбата се поднесени до сојузниот суд во Оукленд, Калифорнија, и се чека одобрение од окружниот судија Ивон Гонзалез Роџерс, објави Reuters. Адвокатите на корисниците проценуваат дека договорот ќе вреди најмалку 5 милијарди долари, а најмногу 7,8 милијарди долари. Иако корисниците нема да добијат отштета, тие и понтаму можат поеиднечно даго тужат Google за надомест на штета.

- Advertisement -

Во групната туѓба се вклучени милиони корисници кои ја користеле приватната опција за пребарување на Google од 1 јуни 2016 година. Корисниците тврдат дека аналитиката на Google, колачињата и апликациите овозможуваат компанијата Alphabet, кој е сопственик на Google, да отвори нова страница преку која ќе ги следи луѓето кои го ставилережимот на пребарувачот Chrome на инкогнито.

Во тужбата се наведува дека тоа на Google му овозможило неодговорно да собира иформации и да дознае податоците за пријателите на корисниците, нивната омилена храна, нивните хобија,навиките при купување и најинтимните, а потенцијално и ссрамни работи кои ги пребаруваат на интернет.

- Advertisement -

Според спогодбата, Google ќе ги ажурира податоците за тоа што собира во опцијата за приватно користење, што веќе почна да го прави, а исто така, ќе им овозможи на анонимните корисници да ги блокираат колачињата од трети страни на пет години.

“Резултатот е тоа дека Google ќе собира помалку податоци од приватни сесии на прегледување на корисниците и декаќе заработува помалку пари од податоците“ велат адвокатите на корисниците.

- Advertisement -

(Reuters)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -