ВИДЕО: Кои пет вештини ќе им бидат потребни на децата во иднина?

- Advertisement -

Еве што велат некои од најголемите компании во светот за тоа кои вештини ќе бидат најбарани во иднина.

На прво место ја ставаат креативноста, затоа што тоа за нив значи дека личноста е способна за решавање на големи проблеми на нов начин, како и да користат имагинација на повеќе полиња.

- Advertisement -

Второто место го заземаат дигиталните вештини, односно способноста брзо совладување нови форми на технологија, особено дизајнирање алгоритми и менаџирање со големи количини податоци.

Третата вештина која ќе биде најбарана во иднина е соработката, односно способноста да се соработува со други луѓе на решавањето сложени задачи и прилагодување на сопствените активности на потребите на другите.

- Advertisement -

Глобално граѓанство се наоѓа на четвро место. Што значи тоа? Тоа значи дека најмногу ќе се бараат луѓе кои имаат универзална почит за луѓето од сите култури и се способни да го прифатат диверзитетот, еднаквоста и инклузивноста.

Последното место припаѓа на заштитата на животната средина. Ова значи дека во иднина најмногу ќе се бараат вработени кои се свесни за тоа колку се кревки и ограничени природните екосистеми и како се однесуваат со нив на одржлив начин.

- Advertisement -

Инвестирањето во ваквите вештини уште од мали нозе помага да се оформат успешни и комплетни личности, а тоа значи дека сите тие ќе даваат придонес во глобалната економија, вредна 2,54 трилиони долари.

(World Economic Forum)

Сподели!
- Advertisement -