Екраните на телефоните на Apple во иднина ќе бидат видливи само за нивните сопственици

- Advertisement -

На интернет се појавија информации за новиот патент кој го поднел Apple, а се однесува на заштитата на приватноста на корисниците, односно заштита на содржините кои се гледаат на екран.

Кога на телефон или на таблет гледаме некоја содржина што не е за сечии очи, како, на пример, некое приватно допишување, податоци од банка и сл., не би сакале тоа да го види некој што седи до нас. Изгледа дека Apple нашол решение за тоа.

- Advertisement -

Имено, компанијата, наводно, пријавила патент кој треба да помогне во заштитата на содржините кои се прикажуваат на екран. Според тој патент, кога корисниците ќе активираат некоја посебна опција за заштита на екранот, нема да може да се види што е напишано на екранот. Но, содржините ќе бидат видливи за сопствениците кои ќе носат посебни очила и ќе можат на мир да читаат.

Идејата е интересна, но отежнувачка околност е тоа што за такво нешто ќе мора да се носат посебни очила, што за многумина нема да биде прифатливо. Сепак, тие кои малку повеќе ги следат трендовите во технологијата знаат дека многу експерти и компании се уверени дека во иднина сите ќе носиме некакви очила за проширена или виртуелна реалност.

- Advertisement -

Според досегашните гласини, Apple развива неколку модели на AR/VR очила и една од опциите за идните модели на очила ќе биде токму таа наменета за заштита на приватноста на содржините на телефон или таблет.

(9to5mac)

- Advertisement -

(фото: Pxfuel)

Сподели!
- Advertisement -