Kraš претстави чоколадо со чварки!?

- Advertisement -

На 1-ви април, хрватската компанија за кондиторски производи Kraš објави на социјалните мрежи дека нивниот чоколаден бренд Dorina се здружил со компанијата за преработко на месо Braća Pivac со цел создавање на чоколадо со парчиња чварки (т.е. џимиринки, туренки).

Но, иако се работеше за првоаприлска шега, објавата на социјалните мрежи доби исклучително голем број позитивни коментари од луѓе кои искрено посакаа да пробаат ваков „специјалитет“. Па, Kraš одговори!

- Advertisement -

„Го побаравте и го добивте! Dorina Čvarak е навистина тука. Поради големиот број позитивни коментари, решивме да одиме чекор понатаму“, соопшти Kraš на социјалните мрежи на 27 април.

Она што започна како првоаприлска шега, сега се претвори во реалност!

- Advertisement -

Специјалната едиција во ограничени количини на чоколадото со чварки Dorina Čvarak ќе биде достапна од 30 април само во Kraš Choco&Café на плоштадот Бан Јелачиќ во Загреб.

Сподели!
- Advertisement -